Фудбал
Маркизио: Погба донесе погрешна одлука
Во изјава за „Спорт Медијасет “, Маркизио одговори на неколку прашања но откри дека неговиот поранешен соиграч, Пол Погба го советуваше да не замине во Јунајтед.
„Минатата година го сретнав на приватна манифестација и се расправав со него, велејќи му дека тој донел погрешна одлука да замине во Јунајтед и дека требало да остане во Јувентус. Сега работите се сменија малку, средниот ред на Јуве е различен, но се надевам дека ќе се врати, бидејќи тоа ќе биде добро за обете страни. Тој веќе ја познава Серија „А“ и ќе ја крене класата во состав, кој е веќе одличен“, вели Маркизио.
На прашање за тоа што мисли за Маурисио Сари, Маркизио вели дека отсекогаш му се допаѓал начинот на кој тој го толкува фудбалот, особено во Неапол, но и кога ја освои Лигата на Европа со Челси.
„Сега влоговите во Торино се големи, но не е лесно да се пренесат идеи од еден клуб во друг. Тој го прави она што беше побарано да го стори – да се бори за Лигата на шампионите и врвот во Серија А“, изјави Маркисио за „Спорт Медијасет “.