Connect with us

Други спортови

Марко: На Макс му требаат најмалку две победи за титулата

На светскиот шампион Макс Верстапен му требаат уште две победи во преостанатите шест кола од сезоната во Формула 1 за да ја освои својата четврта последователна светска титула. Ова го покажуваат пресметките на советникот на Ред Бул во Формула 1 д-р Хелмут Марко. Поранешниот пилот додаде дека со овие две победи Макс ќе може да го врати Ред Бул во битката за титулата кај конструкторите.

Шест старта пред крајот на сезоната, Мекларен води со 41 поен пред Ред Бул кај конструкторите, а Верстапен има 52 поени предност пред Ландо Норис кај возачите, а докторот Марко прецизираше дека доколку продолжи овој настап на Ред Бул, тогаш титула во конструктори не може да се освои.

https://x.com/F1/status/1840452733960118382

„Со оваа изведба најдобро е да се отпише титулата за конструктори“, изјави Марко за германското издание Motorsport-Total. „Но, јас сум оптимист. Ако Макс победи уште две трки и Перез повторно се качи на подиумот, работите ќе изгледаат подобро“.

Во Баку Верстапен остана далеку од фронтот, но Перез учествуваше во битката за победа, а во Сингапур Макс му донесе неочекувано второ место на Ред Бул, иако остана далеку зад Ландо Норис.

И сега се чека последниот голем пакет измени на RB20, кој треба да ја оживее сезоната на Ред Бул и да им даде шанса на шампионите во битката за двете титули. Сепак, тимскиот шеф Кристијан Хорнер призна дека ако овие промени не функционираат и Ред Бул заостане во Остин, тимот најверојатно нема да победи во трка до крајот на кампањата.

„Мислам дека е можно Макс да ја освои титулата кај возачите со најмалку уште две победи“, додаде Марко. „Тогаш ситуацијата ќе изгледа многу пооптимистичка за нас и за конструкторите.