Други спортови
Марко Одермат ги фрли Швајцарците во делириум
Во швајцарски Аделбоден се возеше најатрактивниот велеслалом во Светскиот куп.
По 14 години чекање, домашните навивачи имаа причина за славење бидејќи триумфот сезонава го постигна феноменалниот Марко Одермат со време од 2:34.45 и со тоа ги фрли во делириум швајцарските навивачи.
Австрискиот скијач Мануел Фелер со одлично второ возење стигна до второто место, кој имаше време од 2:34,93.
Подиумот го комплетираше Алексис Пинтуралт од Франција со време 2:34.99.
Најдобрите светски скијачи престојуваат во Аделбоден каде утре ќе возат слаломска трка.