Фудбал
Марко Роуз: Мора да бидеме храбри против Баерн
Тренерот на Борусија (Дортмунд) Марко Роуз зборуваше претпазливо пред гостувањето во Баерн Минхен . Неговиот тим победи пред една недела со 6:1 против Волфсбург , но на Алијанц Арена го чека сосема поинаков тест против тимот на Јулијан Нагелсман, кој ако победи десетта година по ред ќе ја освои титулата во Бундес лигата.
„По победата над Волфсбург сме во подем, но Баерн е друг предизвик, друг тим, друго ниво. Покрај тоа, ќе играме и на туѓо тло. Мора храбро да влеземе во натпреварот и да покажеме дека сме способни да одиграме цврсто 90 минути. Ќе се обидеме да го спречиме противникот да ја освои титулата утре (денеска – б.р.)“, изјави Роуз .
Борусија е втора во поредокот со 9 бода помалку од Баварците. „Жолто-црните“ се во серија од 7 последователни порази од Баерн.