Други спортови
Марко со нов подвиг, реши да ја преплива делницата од пристаништето во Охрид до Св.Наум (ВИДЕО)
Младиот македонски пливач Марко Пејчиноски се реши на нов подвиг. Се обидува да ја преплива делницата од градското пристаниште во Охрид до манастирот Свети Наум.
-Марко плива од Охрид до Свети Наум, во чест на Исцелителот и Чудотворецот Светиот Наум Охридски – за здравје на сите нас“, објави неговиот тим на социјалните мрежи.
Марко во 2018-та година, на 12 години пливаше од Свети Наум до Охрид, со што стана најмладиот пливач кој успеал да ја преплива оваа делница.