Фудбал
Марота го задоволува Конте, првото засилување е светски шампион
Барањата на Антонио Конте по поразот во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд допреа до челниците на Интер. Навистина, Интер веднаш се ангажира на пазарот, во потрага по засилување што ќе му служи на тренерот за д гиа постигне сезонските цели. Како прво, нападот, каде што, со повредата на Санчез, постои апсолутна потреба играч за да му даде на дандемот Лукаку – Лаутаро малку простор за дишење. И двајцата се принудени на „прекувремена работа“ во овој дел од сезоната, бидејќи нема кој да ги замени.
Името на врвот на листата е Оливие Жиру, чиј договор истекува со Челси и е подготвен да се пресели во Милано. Францускиот напаѓач заработува многу, нето околу 8 милиони евра сезонава, но му даде зелено светло на Интер, заедно со неговата подготвеност да преговара за трансфер. Тој би бил идеален играч за Конте. Тоа е затоа што тој има богато меѓународно искуство, нешто за што се пожали тренерот по натпреварот против Дортмунд. Исто така, светскиот шампион бележи одлични резултат.
Французинот е во одлична физичка форма. Но, Жиру е само првиот од играчите на Марота кој го следи. Напаѓачот лесно можеше да го затвори договорот, правејќи го Антонио Конте навистина среќен. Понатаму, на Интер му треба уште еден играч во средниот ред, при што Видал и Ракитиќ се идеални за Интер.
Внимание се посветува и на Кулушевски, кој имаше одличен старт на сезоната, но многу е тешко да се откупи неговиот договор од Аталанта. Цената за него, меѓу другото, не е занемарлива, околу 30 милиони евра. Исто така, Дармијан и Флоренци се играчи под „лупата“ на Конте и Марота.