Фудбал
Марота го запрашаа за брилијантноста на Икарди во ПСЖ, даде зачудувачки одговор
Џузепе Марота, после натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Интер и Борусија Дортмунд (2:0), зборуваше за „Скај Спорт“.
„Нашиот пристап е секогаш ист. Без оглед на противникот, секогаш сакаме да победиме“.
Потоа ги коментираше неодамнешните настапи на Мауро Икарди, кој одлично се снаоѓа кај Парижаните.
„Не се сомневаме во квалитетите на Мауро Икарди. Само што направивме избор, насочени кон промена на состојбата во текот на летото.
Ние го следиме внимателно, бидејќи Мауро се уште е во наша сопственост. Сепак, имаме многу силна офанзивна единица. Запомнете дека сме втор најпродуктивен напад во Серија А. Благодарение на одличната работа на тренерот Конте се подобруваме недела по недела. На моменти се соочуваме со потешкотии, но групата ни дава душевен мир за иднината“.