Connect with us

Фудбал

Марота: Интер ќе ја освои титулата, доколку Јуве ја загуби

Интер е потврден како еден од најактивните клубови на зимскиот пазар. Од Ериксен до Жиру, преку Артуро Видал, раководства бара сериозни играчи за зајакнување на средниот ред и нападот. Марота зборуваше за ситуацијата со играчот од средниот ред на Барселона, Видал. Тој излезе со отворена изјава за овој фудбалер.

„Доаѓањето на Видал зависи од многу фактори. Не сакам да кријам, Видал е важен играч за нас. Позицијата на тренерот на Барселона е во опасност и, ако тој треба да биде отпуштен од работа, не знам што може да се случи“.

Во трката за титули, Марота го гледа Јувентус сеуште како главен фаворит.

„Многу е важно да се ривализира до крај, дури и ако Јувентус има вештини и вредност да ја заврши лигата пред нас. Интер ќе ја освои титулата доколку Јувентус ја загуби.“