Фудбал
Џузепе Марота: „Со Алегри секогаш сме имале добра соработка“
На крајот на сезоната, Масимилијано Алегри би можел да го напушти Јувентус, и да седне на клупата на Арсенал. Англиските медиуми тврдат дека Алегри еден од најголемите кандидати за нов тренер на Арсенал.
Дека останувањето на Алегри во Торино е навистина под знак прашалник потврдува и изјавата на генерален менаџер на „Старата дама“, Џузепе Марота, кој рече дека со Алегри ќе бидат во преговори.
„Со Алегри ние секогаш сме имале добра соработка, а имаме и денес. Ќе разговараме со него откако ќе го освоиме Скудетото, па ќе видиме“, изјави Марота, кој потоа додаде дека фокусот во моментов е на финалето од купот на Италија:
„Сакаме да се заврши сезоната со две освоени титули. Во последните три години го освојувавме Купот на Италија, и сакаме повторно да го направи тоа во средата. Ќе се сретнеме со високо мотивираниот Милан, за нив ова е клучен натпревар, но ние сакаме да победиме“.
„Што се однесува до Скудетото, математички тоа се уште не е сигурно, па затоа нема се уште да славиме. Но, реално, тоа е тоа”, додаде еден од челниците на Јувентус.