Connect with us

Фудбал

Марсело: Да, да потпишав за Јувентус, не можам да живеам без Роналдо

Марсело често пати се поврзуваше со Јувентус, но тој сега се огласи и ги демантираше сите такви најави.

Бразилскиот фудбалер Марсело во Реал Мадрид стигна летото 2007 година и со „кралевите“ освои се што можеше да се освои.

„Да, да… Уште од пред две години потпишав за Јувентус, сликан со нивниот дрес“ – иронично одговори Марсело на најновите шпекулации, притоа дополнувајќи:

„Пишуваа дека не можам да живеам без Роналдо и затоа сигурно одам во Јувентус. Луѓето измислуваат се и сешто. Не сакам да си одам од Реал и мислам дека и клубот не сака да ме продаде. Јас и Реал имаме неверојатна приказна која трае 13 години. Добро е кога другите клубови се интересираат за вас, но мојот став е јасен а тоа е останување во Реал“.

31-годишниот Марсело има договор со Реал до јуни 2022 година, но во последниот период се понагласени се шпекулациите дека заминува од клубот и се сели во Јувентус. Бразилецот, сепак, се одлучи да ги демантира сите тие шпекулации.