Ракомет
Мартин Поповски: Ќе дадам сѐ од себе за да играм за Македонија на ЕП 2020!
На списокот кој го објави Данило Брестовац се најде и десното крило Мартин Поповски, кој моментно настапува за тимот на Тинекс Пролет.
И претходно бев на поширокиот список, но не се наоѓав меѓу оние кои ги играа натпреварите. Добрите игри за Тинекс Пролет сигурно беа препорака, но во секој случај селекторот е тој што избира и што знае како сака да игра неговата репрезентација. Јас секогаш сум ги почитувал изборите на тренерите, така беше и кога не играв за репрезентацијата. Сега сум дел од националниот тим и ќе сторам се за да се изборам за место на финалниот список, иако ни е јасно дека конкуренцијата за секое место во тимот е огромна, изјави Поповски за клупскиот сајт.
Можеби противниците не се премногу атрактивни, но тоа не значи дека ќе ни биде лесно. Австрија и домаќин, со Чешка традиционално имаме проблеми, додека Украина може да биде незгодна. Групата е тешка, понатаму одат две селекции, така што навистина ќе мораме да дадеме се од себе доколку сакаме да се пласираме во следната рунда, предупредува ракометарот на Тинекс Пролет.