Connect with us

Фудбал

Мартинез: Нашите навивачи заслужуваат да се израдуваат на крајот

Селекторот на белгиската фудбалска репрезентација, Роберто Мартинез посакува неговите избраници со триумф да го завршат Мундијалот.

Белгија попладне од 16 часот во Санкт Петербург против Англија ќе го игра натпреварот за 3. место на Светското првенство во Русија.

– Нашите навивачи заслужуваат победа за крај. Сакаме победнички да го завршиме овој турнир. На крајот ве држи оној впечаток кој го добивате по последниот натпревар. Очекувам сличен натпревар со Англичаните како тој што го одигравме во групната фаза. Не верувам дека ќе има некои изненадување од аспект на формациската поставеност, изјави Мартинез.

Во групната фаза Белгија победи со 1:0.