Други спортови
Маса ја сака титулата на Хамилтон од 2008 година
Бразилскиот возач Фелипе Маса откри дека е во процес на проценка дали постојат правни начини на кои би можел да влијае на исходот на шампионатот во Формула 1 во 2008 година. Тогаш шампионатот го освои Британецот Луис Хамилтон, а клучниот детал беше несреќата за време на трката за Големата награда на Сингапур.
Таа трка е позната по инцидентот намерно предизвикан од Нелсон Пајк Јуниор, поради што безбедносното возило излета од патеката. На овој начин му помогна на тогашниот колега од Рено, Фернандо Алонсо да победи
Дополнително, поради излегувањето на безбедносното возило, пит-стопот на Маса имаше големи последици – тој отиде во боксот како првопласиран, а се врати на 13. и остана без клучните бодови во трката за титулата. Неговиот главен конкурент Луис Хамилтон го освои третото место и на крајот стигна до својата прва титула благодарение на тој пресврт.
По трката за Големата награда на Бразил, последна од таа сезона, Хамилтон имаше само бод повеќе од Маса, па дефинитивно може да се каже дека инцидентот од Сингапур го реши прашањето за шампионот.
Што го натера Маса да го преиспита исходот од таа, за него крајно неповолна, трка 15 години подоцна?
Станува збор за неодамнешна изјава на Берни Еклстоун, поранешниот прв човек на Формула 1.
„Решивме да не правиме ништо тогаш. Сакавме да го заштитиме нашиот спорт од голем скандал. Дадов се од себе за да го молчам Нелсон Пајк. Тогаш постоеше правило дека редоследот на крајот од сезоната не може никако да се промени по доделувањето на наградите организирано од ФИА. Тогаш на Хамилтон му беше врачен трофејот и се беше во ред. Имавме доволно време да истражиме што се случува, но според статутите, под тие услови требаше да ја откажеме трката во Сингапур. Во тој случај Маса би станал шампион“, изјави Еклстоун за „Ф-1 инсајдер“.
🚨| BREAKING
Felipe Massa is considering his legal options to get the F1 2008 World Championship.
After some new data regarding the 'crashgate' appeared, and having asked for that race result to be cancelled several times, he's back at the fight for that title. pic.twitter.com/G5mgNjvdP9
— Formula World (@Formula_World__) April 4, 2023
Маса, очекувано, реагираше на овие зборови на Еклстон.
„Во тоа време луѓето во Ферари ми кажаа за тоа правило – ништо не може да се направи, дури и кога станува збор за докажана кражба. Сепак, како да реагирам кога 15 години подоцна тогашните водечки луѓе на Ф1 велат дека намерно молчеле за да не предизвикаат инцидент?! Многу е тажно да се знае дека трката требаше да биде откажана и титулата да ми припадне мене. Ќе ја проучам ситуацијата и ќе видам што е можно. Моите мотиви не се финансиски. Правдата мора да биде задоволена бидејќи бев жртва на кражба“, изјави Фелипе Маса.
Деталите за намерниот судир на Пајк се појавија во 2009 година и беа причина за двегодишна суспензија за Рено. Тимскиот шеф Флавио Бријаторе и техничкиот директор Пет Сајмондс исто така беа казнети.
Сепак, титулата на Хамилтон не беше загрозена од тогашната истрага бидејќи не беа пронајдени докази дека тимот на Рено знаел за планот за несреќа, ниту пак дека помогнал во неговото спроведување.
Is Felipe Massa 2008's rightful F1 champion? 🏆
Let us know your thoughts in the comments 👇 pic.twitter.com/PIV4M66y7o
— Autosport (@autosport) April 4, 2023