Connect with us

Други спортови

Маса: Алонсо секогаш создава раздор во тимот

Поранешниот возач на Формула 1, Фелипе Маса, изјави дека почувствувал олеснување кога Фернандо Алонсо го напуштил Ферари, клуб во кој двајцата заедно се натпреваруваа четири години.

Неодамна и шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, со сличен став ја отфрли можноста Алонсо да ја пополни празнината по заминувањето на Даниел Рикардо во Рено. Хорнер нагласи дека не сака да соработува со него, бидејќи не сака „да внесе хаос во тимот“.

Иако тогаш тоа беше сфатено со резерва, меѓутоа гласините за Алонсо ги потврди и неговиот колега Маса, кој четири години со него ја делеше гаражата.

– Со Алонсо секогаш нештата се на граница на кавга. Никогаш не сме имале проблеми приватно, но кога ќе седне зад воланот станува друга личност, која создава раздор во екипата. Mожете да забележите во сите тимови каде настапувал имало кавги, истакна Маса.

Алонсо има 36 години и се уште нема договор за следната сезона, но според шпанските медиуми поранешниот шампион најверојатно ќе остане во тимот на Мекларен.

Реклама

ФОТО

Повеќе од Други спортови

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com