Фудбал
Матеја Кежман го носи Милинковиќ-Савиќ на „Олд Трафорд“
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, си го обезбеди првиот летен трансфер на неговиот тим. Изненадувачки или не, тоа ќе биде српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ, пишуваат утрово медиумите во Англија.
Според информациите, Србинот ќе пристигне на „Олд Трафорд“ од Лацио за сума од 80 милиони фунти. Ова ќе го направи вториот најскап трансфер во историјата на „црвените ѓаволи“ по Пол Погба, за кого беа платени 89 милиони фунти на Јувентус.
Блиските односи на Мурињо со агентот на Милинковиќ-Савиќ се покажаа клучни за трансферот. Се работи за Матеја Кежман, кој е еден од првите играчи кои Специјалниот ги купи во Челзи пред 14 години, кога за прв пат пристигна во англискиот фудбал.
Поранешниот напаѓач го убедил својот клиент дека треба да игра за Јунајтед кај Жозе, а во исто време Англичаните ќе ја платат неговата откупна клаузула и ќе го привлечат за следната сезона. Договорот мора да се официјализира пред Светското првенство во Русија.
Србинот има одлична сезона во Рим, откако има 13 погодоци од почетокот на кампањата и заедно со Чиро Имобиле се во основата на одличните игри на „орлите“.