Connect with us

Фудбал

Матеус Фернандес нов играч на Барселона!

Барселона и Палмеирас договорија трансфер на младиот играч од средниот ред Матеус Фернандес.

Каталонскиот гигант потврди денес дека Фернандес е нивниот нов играч и ќе се приклучи на составот на 1 јули.

Барселона плати вкупно 10 милиони евра за услугите на овој 21-годишен фудбалер на Палмеирас, од кои три милиони се бонуси.

Фернандес ќе потпише петгодишен договор со Барселона, со откупна клаузула од 300 милиони евра.

Овој млад фудбалер ја започна својата кариера во Ботафог. Играше одлично за овој тим, па го привлече вниманието на Палмеирас каде премина минатата година.

Тој е играч кој има многу добри дефанзивни квалитети и извесно е дека Барса ќе добие добар фудбалер.