Фудбал
Матиќ за Мурињо: Кога ќе изгубите, скријте се од него на тренингот
Српскиот играч од средниот ред и членот на Манчестер Јунајтед Немања Матиќ зборуваше за соработката со Португалецот Жозе Мурињо.
Мурињо по многу нешта е приказна сама по себе, а Матиќ има голема почит кон него.
Сепак, тој посочува дека не е многу добро секогаш да соработувате со него.
„Ако победите, тој е најдобриот лик, но ако изгубиш, подобро да се криете од него на тренингот“, рече Матиќ, додавајќи:
„Тој е одличен тренер, сите пофалби“.
Пофалби имаше и за Оле Гунар Солскјаер.
„Оле е одличен менаџер. Мислам дека многу напредуваше откако дојде во Јунајтед. Сега тој е различен. Сигурен сум дека има одлична иднина во клубот и ќе ни донесе трофеи“.
Исто така Матиќ имаше и пофалби за соблекувалната на неговиот сегашен клуб.
Тој изјави дека сите се почитуваат, а особено ги пофали младите играчи.