Фудбал
Маурицио Сари веќе е поранешен, Јувентус преговара со други тренери
По синоќешната елиминација од Лион, Јувентус сериозно размислува да му врачи отказ на Маурицио Сари. Италијанските медиуми пишуваат дека челниците на „Старата дама“ наводно веќе одлучиле Сари да добие отказ, но тоа ќе биде официјализирано кога ќе биде договорена негова замена.
Според „Спорт Италија“ веќе се водат преговори со други тренери, а првата желба наводно е Маурисио Покетино.
Според истиот весник, контактите и преговорите веќе почнале.