Фудбал
Мбапе договори се со новиот клуб
Летото пред нас веројатно ќе ни донесе два големи трансфери во светот на фудбалот.
Норвежанецот Ерлинг Халанд наводно договорил се со Манчестер Сити, а утринава вест од угледните медиуми во Франција говори дека и Кајлан Мбапе има нов клуб.
Францускиот напаѓач од лето ќе биде нов играч на Реал Мадрид, а до крајот на актуелната сезона треба да се знаат деталите од договорот за кој наводно мадридскиот клуб и Мбапе се договориле.
Претходно се зборуваше дека Мбапе е блиску до реал, а новите информации велат дека ова е готова работа и Мбапе во нападот ќе биде во друштво со својот соиграч од репрезентацијата Карим Бензема.
🚨 Kylian Mbappé jouera bien au Real Madrid la saison prochaine.
— BeFoot (@_BeFoot) April 19, 2022
На почетокот на оваа година Мбапе одби да го продолжи договорот со ПСЖ кој истекува ова лето, па извесно беше дека ќе го напушти „Паркот на принцовите“.
Заинтересирани беа и Ливерпул, но некако тивко го посакуваа Мбапе, додека Реал беше конкретен и се чини дека им се исплатеше.
Првите шпекулации се дека Мбапе треба да потпише четиригодишен договор со кралевите, но за повеќе детали и потврда на трансферот ќе почекаме до крајот на јуни.