Фудбал
Мбапе ги разочара, а потоа тргнаа во акција: Челниците на ПСЖ не можеа да добијат подобра вест
Челниците на ПСЖ повеќе не сакаат да си ја дозволуваат ситуацијата што ја имаат со Килијан Мбапе.
Мбапе во неколку наврати ја отфрли можноста да го продолжи договорот со ПСЖ и јасно им стави до знаење на клупските челници дека сака да го смени клубот на крајот од сезоната.
Но, она што е најлошо за парижаните е фактот дека Мбапе ќе си замине без обештетување бидејќи му истекува договорот. Затоа повеќе не сакаат да си дозволат да се најдат во иста ситуација и почнале да решаваат вакви проблеми.
Имено, челниците на ПСЖ почнаа преговори со сите играчи на кои им истекуваат договорите во наредните години, а за кои сакаат да продолжат да го носат дресот на овој клуб.
На врвот на листата е бразилскиот дефанзивец Маркињос, кој е член на ПСЖ од летото 2013 година кога дојде од Рома. Бразилецот со години е стандарден во стартната постава, а има само 27 години.
Во Париз не сакаат да си ја дозволат ситуацијата како со Мбапе, па почнаа преговори со Маркињос за нов договор, иако сегашната соработка му истекува дури во летото 2024 година.
Одлична вест за парижаните е што Маркињос не сака да го напушти клубот и е подготвен да потпише нов договор, а во моментов е само прашање дали тоа ќе биде до летото 2026 или 2027 година.
Paris Saint-Germain have ready their new contract proposal for Marquinhos. Champions League and Ligue1 bonus will be included. It's only to be decided if new deal will be until June 2026 or 2027. ??? #PSG
But there's no doubt on his future: Marquinhos will stay. #Paris
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) December 21, 2021
Челзи летово покажа интерес за Маркињос испраќајќи понуда за него, но ПСЖ и бразилскиот дефанзивец веднаш одбија.