Фудбал
Мбапе го извести раководството на ПСЖ за желбата да го напушти клубот
Париз, 30 октомври 2020 (МИА) – Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килјан Мбапе, им порача на управата на клубот дека сака да го смени тимот, пренесува „OK Diario“.
Според изворот, 21-годишникот сериозно размислува да се пресели во Реал Мадрид и сака да го напушти клубот од француската престолнина.
Оваа сезона во Лига 1, Мбапе одигра пет натпревари, на кои постигна шест гола и забележа четири асистенции. зс/