Фудбал
Мбапе и уште 79 играчи на списокот на Франција за Олимпијатата
Килијан Мбап е на списокот со играчи кои се кандидати да играат за Олимписката репрезентација на Франција на претстојните игри во Токио.
Ова го потврди претседателот на Фудбалскиот сојуз на оваа земја, Ноел Ле Грает, кој додаде дека покрај Мбапе, има и 79 други играчи на истиот список.
„Мбапе е на списокот од 80 играчи. Тој список најпрво ќе биде скратен на 50 имиња, а потоа Силваин Рипол (селектор) ќе избере 18 играчи плус четири резерви“, вели Ле Грат.
Потоа ги разгледува и шансите Мбапе да игра на Олимпијадата. Тој рече дека претседателот на ПСЖ не се согласува.
„Како и сите млади талентирани играчи, тој е на списокот. Се сретнав со претседателот на ПСЖ и го прашав како напредува Мбапе. Тој рече ’многу добро’. Но, генерално, претседателот на ПСЖ мисли дека терминот на турнирот на Олимпијадата не е добар. Така се одвиваат работите“.
Иако има само 21 година, Мбапе има одиграно 34 натпревари и постигна 13 гола за репрезентацијата.
Олимписките игри започнуваат на 23 јули и завршуваат на 8 август. Ако Мбапе игра, тогаш нема да има речиси ниту еден ден одмор цела година, бидејќи тој ќе биде учесник на Европското првенство пред Олимпијадата.