Connect with us

Фудбал

Мбапе ќе биде главната цел на Реал во 2024 година

Реал Мадрид не се откажува од намерата да го купи напаѓачот на Пари Сен Жермен и француски репрезентативец Килијан Мбапе. Карлос Карпио од „Марка“ откри дека 24-годишниот фудбалер ќе биде главната трансфер цел на шпанскиот гигант во 2024 година.

На „Сантијаго Бернабеу“ не веруваат дека раководството на францускиот првак ќе се согласи да го продаде Мбапе оваа година и затоа нема ни да испраќа понуди летово, за да се избегне можноста за ново одбивање. Тоа, пак, ќе му овозможи на Реал целосно да се фокусира на доведување на Џуд Белингем од Борусија Дортмунд.

Мбапе минатата година можеше да се пресели во таборот на Реал, но во последен момент го продолжи договорот со ПСЖ, кој е со важност до летото 2025. Напаѓачот оваа сезона одигра 40 натпревари за парижаните во сите натпреварувања и постигна 38 голови, додаде 9 асистенции.