Connect with us

Фудбал

Мбапе: Ќе биде неверојатно да се освои ЛШ, тоа е мојата мисија

Лисабон, 23 август 2020 (МИА) – Една од големите ѕвезди на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, се надева дека ќе го запише своето име во историјата на францускиот клупски фудбал со титула во ЛШ.

Парижаните излегуваат вечерва во Лисабон во финалето на најпрестижниот европски клупски турнир против германскиот колос Баерн Минхен во потрага по нивниот прв трофеј на турнирот.

– Ова е нашата можност да се приклучиме на елитната група на екипи кои ја освоија ЛШ. Ние ги знаеме нашите квалитети, каков одличен клуб сме и колку пораснавме во последните години. Затоа дојдов во клубот. Сакав да напишам приказна за францускиот фудбал. Имам уште една шанса за тоа. Ќе биде неверојатно да се победи, тоа е мојата мисија, рече Мбапе, кој ја освои светската титула со Франција во 2018 година.

Мбапе, Нејмар и Анхел Ди Марија формираа исклучително напаѓачко трио, кое оваа сезона му помогна на тимот од Париз да стигне до првото финале во Лигата на шампионите, откако клубот беше купен во 2011 година од сопствениците од Катар, кои досега инвестирале повеќе од една милијарда долари.

loading...

ПСЖ се надева дека ќе стане вториот клуб од Франција по Олимпик Марсеј во 1993 година што ја освоил Лигата на шампионите.

Противникот во финалето, сепак, е во одлична форма. Баерн не загубил на 29 последователни натпревари, завршувајќи во 28 од нив како победници, а Баварците се и најпродуктивни оваа сезона, а се издвојува нивниот успех од 8:2 над Барселона во четвртфиналето претходно овој месец.

– Секогаш треба да се споредувате со најдобрите ако сакате да бидете еден од нив. Ќе видиме што ќе се случува во финалето, но ние го сакаме пехарот, додаде Мбапе.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com