Connect with us

Фудбал

Мбапе на маса го има најлудиот договор во историјата на фудбалот

Сагата околу еден од најдобрите фудбалери на денешницата продолжува. Килијан Мбапе упорно му пркоси на Ал-Келаифи, одбивајќи да ја активира клаузулата од третата година од договорот (2+1), но сопственикот на ПСЖ подготвил нова понуда. И тоа каква! Како што пишува Goal.com, Пари Сен Жермен подготвил нов 10-годишен договор за Килијан Мбапе, а понудата е изразена во седум цифри – 1.000.000.000. Да, добро читате, една милијарда за новиот договор. Насер Ал-Хелаифи одлучи да одвои милијарда евра за својот ас и да го спречи со таа сума да се пресели во Реал Мадрид.

За потсетување, Мбапе минатата година потпиша договор на 2+1 година. Заврши една сезона, му останува уште една „задолжителна“ и една „по негов избор“. Сепак, францускиот фудбалер не ја сака оваа трета година, што значи дека ПСЖ мора да го продаде оваа година, во спротивно ќе останат без приходи од неговото заминување како слободен играч следното лето. Пари Сен Жермен е решен да го задржи Мбапе, дури и до крајот на кариерата, па Ал-Хелаифи сега му понуди 10-годишен договор, до 34-та година, што може да значи и доживотен договор.