Фудбал
„Мбапе? Овој играч има повеќе техники и ќе се подобри уште повеќе!“
Кајлијан Мбапе се смета за еден од играчите со голема иднина во фудбалот. Напаѓачот на ПСЖ, и покрај тоа што има само 21 година, веќе четири сезони игра на високо ниво, освојувајќи вредни трофеи како Куп на Франција, Првенство на Франција и Светскиот куп во 2018 година.
Во Франција се надеваат дека Мбапе наскоро ќе стане најдобриот фудбалер на светот, но се чини дека тоа не важи за сите. Претседателот на Лион, Јан-Мишел Аулас смета дека Рајан Черки ќе биде подобро од Мбапе.

16-годишниот играч на Лион е навистина голем талент во овој тим. Претседателот на клубот зборуваше во суперлативи за Черки, велејќи:
„Черки ќе биде подобар од Мбапе за неколку години! Тој има повеќе техники и ќе биде подобар од него“, рече Јан-Мишел Аулас.