Connect with us

Фудбал

Мбапе повеќе не е најскапиот фудбалер на светот

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе е симнат од тронот како најскапиот фудбалер на светот, објави Трансфермаркт. Ѕвездата на Манчестер Сити, Ерлинг Холанд веќе е на првото место на специјализираната страница за евалуација на играчи.

Норвежанецот е проценет на 170 милиони евра, додека Мбапе чини 160 милиони. На подиумот е и крилото на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор со своите 120 милиони.

На почетокот на сезоната цената на Ерлинг Холанд беше 150 милиони евра, но по 23 гола на 17 натпревари нема шанси да не дојде до скок.