Фудбал
Мбапе се огласи и ги реши сите дилеми за трансферот во Реал Мадрид
Напаѓачот на ПСЖ Килијан Мбапе често пати се поврзуваше со Реал Мадрид. Сепак, многумина сметаат дека веќе ова лето би можел да се пресели во Мадрид. Но, тоа нема да се случи, ако се суди според неговите изјВИ.
-Во овој проект (ПСЖ) сум четврта година, а славиме 50 годишнина на клубот. За нас е ова важна сезона и тука ќе бидам без разлика на се. Ќе се обидам на клубот да му донесам трофеј и ќе дадам се од себе, изјави Мбапе.
Сезоната во Франција е прекината поради коронавирусот, а ПСЖ е прогласен за шампион. Мбапа настапи на 33 меча и постигна дури 30 голови и 17 асистенции.