Connect with us

Фудбал

Мбапе со сензационално откритие – размислувал да се откаже од репрезентацијата

Ѕвездата на Пари Сен Жермен и Франција, Килијан Мбапе откри дека размислувал да се откаже од националниот тим откако во неколку наврати бил жртва на расизам од навивачите. Напаѓачот неколку дена пред почетокот на Светското првенство во Катар зборуваше за „Спортс илустрејтед“.

„Порано велев: „Не можам да играм пред луѓе кои мислат дека сум мајмун. Нема да играм. Но, тогаш разговарав за тоа со фудбалери кои играат со мене и ме бодрат. И тогаш решив дека моето одбивање да излезам на теренот ќе им покаже на сите дека сум се предал, а тоа беше лошо. Затоа што мислам дека треба да бидам пример за сите“, сподели Мбапе.

23-годишниот фудбалер дебитираше за француската репрезентација во март 2017 година и досега има 59 настапи за „петлите“.

Пред четири години Мбапе беше дел од француската селекција која со светската титула триумфираше на Светското првенство во Русија.

Сега тинејџерот на Монако повторно е меѓу повиканите играчи од Дидие Дешам кои ќе се обидат да ја одбранат титулата на Светското првенство во Катар. „Петлите“ се во една група со селекциите на Австралија, Данска и Тунис.