Фудбал
Мбапе стана посилен, веќе почна да се исмева со другите играчи на ПСЖ, има и омилена жртва
Со потпишувањето на новиот договор, Килијан Мбапе доби значително поголем авторитет во тимот на ПСЖ отколку што беше случај досега.
Останувањето во ПСЖ за Мбапе донесе многу придобивки, па тој не се колеба да ги исмева сопствените колеги и воопшто не се двоуми.
Францускиот напаѓач сега има плата од 50 милиони евра, повеќе е платен од Лионел Меси и Нејмар и важи за прва ѕвезда на тимот.
Меси е најдобриот фудбалер во историјата, Нејмар ужива огромна популарност, но Мбапе не се грижи премногу за тимот и смета дека е подобар од другите.
L’Equipe пренесува детали дека Мбапе дури почнал да се потсмева на Нејмар особено сега кога тој стана недопирлив.

„Сега имаат нешто малку заедничко и светскиот шампион (Мбапе) не се двоуми приватно да се потсмева со својот соиграч“, тврдат од угледен весник.
Ова тврдење на L’Equip не е големо изненадување, бидејќи е познато дека Мбапе нема премногу пријатели во соблекувалната на ПСЖ, поточно единствениот со кој се дружи е Ахраф Хакими.
Нејмар со четири милиони евра месечно и нема намера да си замине од Париз, додека ПСЖ размислува поинаку и би бил многу среќен да се ослободи од него.
Всушност, има само еден клуб кој би го довел во моментов, а тоа е Њукасл. Најбогатиот клуб во светот би сакал да го види големиот Бразилец во своите редови, но фудбалерот не сака да биде таму и повеќе би сакал да го облече дресот на некој великан на европскиот фудбал.
View this post on Instagram
Тоа во моментов не е можно. Барселона со која се поврза нема пари за огромни договори, а клубовите кои можат да го платат како Сити, Јунајтед, Ливерпул или Реал едноставно не се заинтересирани.
Договорот на Нејмар со ПСЖ е со важност до летото 2025 година и ќе биде интересно да се види што ќе се случи со него во наредниот период.