Connect with us

Фудбал

Мечот не ни почна, а Клоп и играчите на Ливерпул веќе почнаа да се жалат

Ливерпул по трет пат во последните пет сезони ќе игра во финалето на Лигата на шампионите.

„Црвените“ за ривал ќе го имаат Реал Мадрид како во 2018 година и ќе бараат одмазда за поразот во Киев кога „кралевите“ славеа со 3:1.

Натпреварот ќе се игра на „Стад де Франс“ во Париз, а англискиот клуб веќе се пожали на условите кои ги очекуваат.

Имено, Јирген Клоп и неговите избраници изразија загриженост за состојбата на теренот на култниот француски стадион.

Пред неколку дена беше поставен нов терен, поточно беа сменети одредени делови кои не се вклопија баш најдобро што им пречи на играчите на Ливерпул.

„Теренот беше поставен ден претходно, што не е баш најдобрата вест. Можете да ги видите линиите каде ги ставаа деловите, што е нешто на што не сме навикнати. Некој мислеше дека тоа е добра идеја“, рече Клоп.

Фудбалерите на Ливерпул се навикнати на совршени услови во Англија, па сега им пречат деталите.