Connect with us

Други спортови

Медали за карате клубот ,,Сансаи Метал Апостолов” од Кавадарци на првото онлајн првенство

Кавадарци, 28 август 2020 (МИА) – Три златни, два сребрени и четири бронзени медали освои карате клубот ,,Сансаи Метал Апостолов” од Кавадарци на првото онлајн првенство  за деца до 15 години, во дисцилината кати, во машка и женска конкуренција.

Првенството организирано од Карате федерацијата, траеше повеќе дена, а прогласувањето на најдобрите беше вчера попладне. Учествуваа деца од цела држава.

-На натпреварот  учество земаа 89 натпреварувачи од 16 клубови. Натпреварот беше организиран согласно стандардите на Светската карате  федерација и пропишаните мерки од страна на Министерството за здравство. Изведбите на кати беа на отворен простор, домашни услови, со запазување и одржување на социјална дистанца во време на пандемија од коронавирусот, појасни тренерот Ивана Аврамова. свд/ац/

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com