Поврзи се со нас

Кошарка

Меџик Џонсон: Лејкерс ќе го повторат успехот и следната сезона

Лос Анџелес, 13 октомври 2020 (МИА) – Легендарниот кошаркар и поранешен претседател на Лос Анџелес лејкерс, Меџик Џонсон, верува дека тимот ќе ја задржи шампионската титула и следната сезона.

  • Леброн Џејмс уште еднаш докажа дека е најголемиот играч на светот, докажа дека требаше да биде прогласен за најкорисен играч во НБА. Второ, Ентони Дејвис со играње во регуларниот дел и плејофот покажа дека е втор најдобар играч во НБА оваа сезона. Запомнете, предвидувам токму тука, во моментов, дека Лејкерси ќе го повторат тоа следната сезона, изјави Џонсон.

Лејкерс ноќта недела кон понеделник го совладаа Мајами хит со 106:93 за вкупни 4-2 во финалната серија од НБА сезоната 2019/20. зс/

Advertisement