Connect with us

Фудбал

Медиумите од Рим тврдат: Савиќ наскоро потпишува!

Сергеј Милинковиќ-Савиќ според последните информации на медиумите блиски до клубот од Рим ќе остане во Лацио, а наскоро би можел да стави потпис и на нов договор.

Играчот за врска на Лацио се поврзуваше со бројни клубови, околу неговото име се вртеа огромни бројки, но Лотито не сакаше да го продаде својот играч, а дефинитивно нема лесно да се откаже од него и во наредните преодни рокови.

Последен во низата беше Милан, дури и денес во некои медиуми се појави план според кој наводно Савиќ ќе се пресели во Рим.

Актуелниот договор на Сергеј истекува 2022 година, а како што пренесуваат италијанските медиуми тој ќе биде продолжен на дополнителна уште една година, наскоро се очекуваат и сите детали околу новиот договор.

Извор: sportski.mk