Connect with us

Други спортови

Медведев ги загуби последните четири натпревари против играчи од Топ 10

Првиот светски рекет Данил Медведев (Русија) ноќеска го загуби со мечот со седмиот на ранг-листата Стефанос Циципас (Грција) во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати – 6:7, 6:3, 3:6.

За Русинот ова е четврти последователен пораз во мечеви со топ 10 играчи. Претходно на Австралија опен и во Акапулко загуби од Рафаел Надал, додека во Мајами од Хуберт Хуркач.

Ова е најдолгата серија на порази на Медведев против топ 10 тенисери во последниве три години.

Оваа сезона билансот на Медведев со првите десет е 3:4, а во неговата кариера билансот е 29:28.