Други спортови
Медведев го освои турнирот во Токио
Рускиот тенисер Данил Медведев ја освои титулата на АТП турнирот во Токио.
Тој во финалето го совлада јапонскиот тенисер Кеи Нишикори во два сета со 6:2, 6:4.
Медведев до титулата стигна по еден час и четири минути игра, а во ниту еден момент не му дозволи на противникот да ја загрози неговата победа.
За 22-годишниот руски тенисер ова е трета титула во кариерата, а триумфот во Токио ќе му донесе скок од десет позиции на АТП листата и од утре ќе биде на 22-то место.