Connect with us

Други спортови

Медведев поради здравствени проблеми месец или два ќе биде надвор од теренот!

Рускиот тенисер Данил Медведев ќе отсуствува од теренот месец-два поради кила, објави тој на социјалните мрежи.

“Здраво на сите. Последниве месеци играв со мала кила. По консултација со тимот, решив да одам на мала процедура за да го решам овој проблем. Веројатно ќе бидам надвор од теренот месец до два, и ќе работам напорно за да се вратам наскоро на теренот. Ви благодариме за поддршката“, напиша Медведев.

Русинот накратко му го презеде првото место во светот на Новак Ѓоковиќ, но по елиминацијата во четвртфиналето во Мајами повторно ќе падне на второто место, со само десет бода помалку од Ѓоковиќ.

Ќе видиме колку нема да може да игра, но сигурно е дека нема да игра во Монте Карло и Барселона, каде што брани вкупно 330 бода.

Претходно, 26-годишниот Русин беше елиминиран во третото коло во Индијан Велс и полуфиналето на Акапулко, додека во финалето беше поразен од Рафаел Надал на Австралија Опен.