Connect with us

Фудбал

Мегваер повторно спаси кожа

И покрај сите глупости кои ги направи за време на одморот на грчкиот остров Миконос, за кои доби само условна казна, централниот дефанзивец Хари Мегваер и понатаму ќе биде капитен на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед.

Одлуката на судот во Сирос, на која се жалеше централниот дефанзивец, доведе до негово отстранување од репрезентацијата на Англија за натпреварите од Лигата на нациите на почетокот на месецот.

Англиските медиуми со денови пишуваа дека поранешниот фудбалер на Лестер скапо ќе го плати инцицентот кој го направи во Грција, односно сигурно ќе ја загуби капитенската лента, но менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскер и официјално потврди дека ќе нема никаква промена на „Олд Трафорд“.

Тој ќе биде наш капитен. Многу добро се снаоѓа во оваа задача и, се разбира, ќе го поддржам. За мене, тој е исклучителна личност. Тој отсекогаш бил позитивна личност со вистински вредности. Се надевам дека ќе се претстави во најдобро светло, изјави норвешкиот стручњак.

Vecer.press

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com