Фудбал
„Мегвајер секој ден на својата сопруга и кажува: „Немам врска, но тие навистина веруваат дека сум добар“
Хари Мегвајер стана најскапиот дефанзивец во историјата, откако минато лето се пресели од Лестер во Манчестер Јунајтед за 87 милиони евра.
Силниот дефанзивец имаше добри настапи во дресот на Јунајтед, но тој често беше жртва на напаѓачите кои лесно постигнуваа голови покрај него.
Последен што го стори тоа беше играчот на Бурнемаут, Жуниор Станислас, кој ја помина топката низ неговите нозе и погоди од мртов агол.
Harry Maguire ladies & gentlemen ? pic.twitter.com/zimrnjLj7Z
— Hillzy ~ Chisikana EP… (@Pride_xo) July 5, 2020
Поранешниот холандски фудбалер Рафаел ван дер Варт имаше жесток коментар после тоа. Тој воопшто не го штедеше Мегвајер.
“Мислам дека Мегвајер и кажува на својата сопруга секој ден кога ќе дојде дома: Јас немам врска од фудбал и заработувам многу пари. Тие навистина веруваат дека сум добар“, рече Ван дер Варт.
На Магуар сигурно нема да му се допаѓаат вакви зборови и ќе видиме дали тој ќе испрати некаков одговор.