Поврзи се со нас

Тајмаут

Мејведер и дала бакшиш од 10.000 долари на келнерката за да ги намали градите

Пензионираниот американски боксер Флојд Мејведер е познат по тоа што троши пари на скапи работи, но и на разни „глупости“.

Во една прилика, тој и подари 10.000 УСД на келнерка со големи гради во Лас Вегас само за да ги намали. Тоа го раскажа неговиот пријател и деловен партнер.

“Мојот прв состанок со Флојд беше на вечера во Лас Вегас. Секако, сите го познаваат таму, а келнерката што работеше многу добро го познаваше. Во еден момент дамата беше запрашана што би направила ако ги има сите пари на светот, а таа ми одговори дека ќе се ослободи од долгот што го има на картичката “, рече Џон Шахиди, американски бизнисмен, додавајќи:

„Тогаш тој и го постави истото прашање, а таа искрено одговори и му рече дека ќе и ги намали градите затоа што и пречат. Тој веднаш ја праша колку чини операцијата, а таа му рече дека се работи за околу 7.000 долари. Пред да заминеме, Флојд извади 10.000 долари и ги остави како бакшиш на келнерката “.

loading...

Facebook