Други спортови
Мејведер: Ќе се борам со МекГрегор и Нурмагомедов во ист ден

Веќе подолго време се нудат стотина милиони долари за закажување на боречки спектакл, Мејведер од една, МекГрегор или Нурмагомедов од друга страна. Но, Мејведер порача дека ако сакаат ќе се бори со двајцата во ист ден.
-Разговаравме за тоа да се борам со Хабиб и Конор во ист ден. Со Хабиб би се борел во текот на денот, а со Конор навечер. Гледачите би платиле единствена цена, веројатно 250 долари, за двете борби“ – вели Мејведер, а пренесуваат светските агенции.
