Connect with us

Други спортови

Мек Грегор нема да добие шанса да испише историја

Објавено:

Ирскиот ММА борец, Конор Мек Грегор, сè уште нема да добие шанса да се бори за трет појас во УФЦ.

Пред неколку дена тој беше повикан од менаџерот на Камару Усман, Али Абделазиз. Неговиот клиент, попознат како нигериски кошмар, е шампион на УФЦ во категоријата Валтер и го чека неговиот следен ривал да ја одбрани титулата.

Конор претходно освои ремени во лесна категорија и ако успееше да го стори истото во категоријата Валтер, тогаш тој ќе беше единствениот борец што успеа да освои три ремени во историјата на УФЦ.

Сепак, првиот човек на организацијата Дана Вајт вели дека, барем засега, нема да има ништо од борбата помеѓу Камару и Конор.

„Следниот борец за борба против Усман ќе биде еден од наведените: Колби (Ковингтон), Масвидал, (Леон) Едвардс“, рече Вајт за „ЕСПН“.

„Ќе биде еден од овие борци. Нема да биде Конор Мек Грегор“, додаде тој.

Патем, Конор го одигра својот последен натпревар во УФЦ во јануари против Доналд Церон во категоријата Валтер.

 

Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама