Connect with us

Фудбал

Менаџерот на Ибрахимовиќ ја раздрма италијанската спортска јавност-лажни вести во медиумите!

Во текот на денешниот ден многу италијански медиуми излегоа со информација дека Златан Ибрахимовиќ и Милан постигнале договор за продолжување на соработката. Сепак, неколку часа подоцна неговиот менаџер Мино Рајола се јави на социјалните мрежи.


Тој напиша дека овие информации се лажни и дека Ибрахимовиќ не постигнал никаков договор со Милан за продолжување на соработката. Ова ги подгреа уште повеќе шпекулациите дека Ибра нема да се врати во Милано.