Connect with us

Фудбал

Менаџерското столче за Покетино

Доколку предвреме биде прекината соработката со контроверзниот менаџер, Жозе Мурињо, раководните лица на Манчестер Јунајтед ќе се обидат да ги осигураат услугите на аргентинскиот стручњак од редовите на Тотенхем, Маурисио Покетино.

Англиските медиуми ја пласираа сензационалната информација дека менаџерот на “петлите” е прв избор на “црвените ѓаволи” доколку биде прекината соработката со “специјалниот”. Доколку се пресели на “Олд Трафорд”, Покетино ќе добие 4-годишен договор кој ќе му гарантира годишна плата од 10 мил. фунти.