Кошарка
Менегин потврди: Сезоната во Италија заврши!
Сезоната во италијанската Серија А заврши и натпревари за сезоната 2019/2020 веќе нема да има во кошаркарскиот шампионат на оваа земја.
Почесниот претседател на Кошаркарската асоцијација на Италија, Дино Менегин, го потврди ова во интервју за „Punto Nuovo Sport“.
„Ние мора да го заштитиме здравјето на спортистите, вработените и навивачите. Ние минуваме низ драматични моменти, спортот и кошарката се дел од животот и мора да ги почитуваме правилата на Владата”, рече Менегин и потоа заклучи:
„Сезоната е завршена. Мора да биде, затоа што животот е поважен од спортот. Сега најважно е да им се даде на сите шанса да си го спасат животот“.
Официјалната одлука ќе биде објавена во наредните денови, како и другите активности на Асоцијацијата на кошарка.
Дали истото ќе се случи и до фудбалската Сеарија А останува да се види.