Фудбал
Меркел не дозволи старт – Бундеслигата повторно доби одложување!
По се изгледа стартот на Бундеслигата нема да се случи на 15 мај. Ќе поминат и повеќе од два месеци пред да гледаме врвен европски фудбал. Ова стана јасно откако канцеларката на Германија, Ангела Меркел, на денешниот состанок ставила вето околу одлуката фудбалското првенство да продолжи на 15 мај.
Германската фудбалска лига долго време бара дозвола за рестарт на шампионатот затоа што е од голема важност за државата.
Доколку последните девет кола во Бундеслигата бидат одиграни, германските клубови од ТВ-правата ќе добијат нови 300 милиони евра и така ќе ги намалат драстично своите загуби.