Connect with us

Фудбал

Мертенс ги договори условите со новиот клуб?

Се води до тоа дека Дрис Мертенс ќе ја продолжи кариерата во Интер.

Договорот на одличниот белгиски фудбалер со Наполи истекува на крајот на сезоната, а бидејќи шансите за негово продолжување се мали, има многу шпекулации за тоа каде би можел да ја продолжи кариерата.

Мертенс веќе има неколку опции на маса, интерес покажува Челси, потоа Рома, но Интер има најдобри шанси, со кого, според „Ла Репблика“, тој се договорил скоро за се.

Приказната за преселбата на Мертенс во Интер ја следеше и весникот „Ла Газета дало Спорт“, во кој се вели дека 33-годишниот фудбалер ќе добие двегодишен договор со Интер вреден пет милиони евра по сезона.

Наводно, Ромелу Лукаку со отворени раце го чека Мертенс, кој веќе пронашол стан во Милано на истата улица каде до него живее и Лаутаро Мартинез.

Мертенс, да додадеме и тоа, постигна 12 гола и шест асистенции на 29 официјални натпревари оваа сезона.