Фудбал
Мертенс побргу би заминал во Интер отколку во Челзи
Белгискиот напаѓач Дрис Мертенс нема многу време да одлучува за иднината.
Искусниот фудбалер, кој порано играше на крилна позиција, има договор со Наполи само уште еден месец и половина, два и пол да биде попрецизни, затоа што со одлука на ФИФА, оној договор што важи до крајот на јуни важи автоматски до крајот на јули за играчите на кои им истекуваат договорите да можат да ја завршат сезони со клубовите.
Сè уште не е познато дали Белгиецот ќе потпише нов договор со клубот од „Сан Паоло“. Наполи наводно е подготвен да му понуди двегодишна соработка за време на која би добивал дури 10 милиони евра по сезона, но и други клубови се исто така во игра.
Беа споменати бројни тимови во минатото, но засега Интер и Челзи се споменуваат како најсериозни кандидати што сакаат да го донесат.
„Скај Спорт“ пренесува дека Мертенс повеќе би сакал да остане во Серија А и да му се придружи на соиграчот Ромелу Лукаку во Интер отколку да замине на „Островот“ и да игра на „Стемфорд Бриџ“.
Во секој случај, одлука ќе треба да се донесе многу брзо во случајот со овој фудбалер.
Да потсетиме, тој и неговиот Наполи деновиве започнаа со индивидуални тренинзи, а за само пет дена конечно ќе имаат групни тренинзи. Серија А ќе продолжи на 13 јуни.
Мертенс постигна 12 гола и шест асистенции на 29 официјални натпревари оваа сезона.