Други спортови
Мерцедес го претстави новиот болид инспириран од борбата против расизмот (ФОТО)

Тимот на Мерцедес денес го претстави болидот W12 со кој ќе се обиде да ја освои осмата последователна титула во шампионатот на конструктори, а неговиот возач Луис Хамилтон рекордна осма титула шампион во Формула 1.
Мерцедес ја задржа доминантната црна боја на болидот од минатата сезона, со која сакаше да ја поддржи борбата за еднаквост и борбата против расизмот.
Болидот беше претставен во присуство на неговите две најголеми sвезди Луис Хамилтон и Валтери Ботас кои веќе петта сезона ќе возат заедно за Мерцедес.
Компанијата изјави дека новиот болид се карактеризира со „значителни аеродинамички промени“, делумно како одговор на новите правила на задниот дел од болид, како и подобрувања на брзините и моторите, објави Скај.
Хамилтон се изедначи со рекордот на Михаел Шумахер по бројот на шампионски титули (7) и бројот на победи (95) минатата сезона, а оваа година ќе се обиде да ги подобри рекордите.
Ќе се обиде да го стори тоа со овој болид:
Introducing the W12 🖤🥰 Get your first look at our 2021 F1 car! #WeLivePerformance pic.twitter.com/RiZEBTyarb
— Mercedes-AMG PETRONAS F1 Team (@MercedesAMGF1) March 2, 2021
