Други спортови
Мерцедес ја потврди новата постава на возачи за следната сезона
По пет години, Валтери Ботас ќе го напушти Мерцедес на крајот на сезоната и ќе ја продолжи кариерата во Формула 1 во тимот на Алфа Таури.
Еден ден по потврдата за заминувањето на Ботас, Мерцедес ја официјализираше поставата на возачите за следната сезона. На Луис Хамилтон ќе му се придружи неговиот сонародник Џорџ Расел.
Потврдата на Мерцедес за Расел како возач за следната сезона воопшто не е изненадување, за што се шпекулираше долго време.
23-годишникот дебитираше во најбрзиот октански циркус пред две години и ќе ги извози преостанатите девет трки од сезоната како возач на Вилијамс.
“Ова е посебен ден за мене, тоа се многу измешани емоции. Возбуден сум, но и скромен што ќе се приклучам на Мерцедес, што е голем чекор напред во мојата кариера, но исто така значи и збогум на Вилимас. Тоа беше чест да бидам дел од тој тим “, рече британскиот возач…
✍️ @GeorgeRussell63 will race for the Team alongside @LewisHamilton from the 2022 F1 season! pic.twitter.com/pcyOqlSxdi
— Mercedes-AMG PETRONAS F1 Team (@MercedesAMGF1) September 7, 2021
Како што стојат работите сега, Расел очигледно ќе го наследи Алекс Албон во Вилијамс.
Пристигнувањето на Расел во Мерцедес беше коментирано од многумина дека конечно Луис Хамилтон конечно ќе добие жестока конкуренција, така што ќе биде интересно да се види како ќе се однесува најдобриот возач на денешницата во таква ситуација.